Пеколен финиш на Интер за голема победа над Лацио (Видео)

Екипата на Интер остана во игра за пласман во Лигата на шампионите, откако дури во финишот од мечот успеа да направи пресврт против Лацио и да забележи победа од 3-1.

Гостите од Рим дојдоја во водство преку Фелипе Андресон во 30-тата минута од натпреварот.

Лаутаро Мартинез со својот прв гол на натпреварот го најави пресвртот, откако во 78-та минута израмни на 1-1.

Гусенс во 83-тата минута стрелаше за воство на Интер од 2-1.

Конечните 3-1 беа дело на Лаутаро Мартинез со неговиот втор погодок на овој натпревар.

Лацио и покрај поразот останува на втората позиција со 61 бод, додека Интер со оваа победа останува дел од големата борба која се води за пласман во Лигата на шампионите. Интер, исто како и Милан и Рома имаат по 57 поени од четвртото до шесттото место.

- Оглас -

Најнови вести