Нема да погрешите ако во Sport Life уплатите тикет со вечерашните натпревари од НБА-лигата.
Квотите за конечен тип се многу примамливи бидејќи има фаворити, но нема ептен мали квоти и ако се врзат сите, може да се дојде до солидна добивка. Секако, тука се и уште еден куп игри, а има и листа од 45-мина кошаркари на кои може да одиграте на „плус-минус“ поени.
Мечот во Шарлот е од 21 часот, другите три се по полноќ. Хорнетс има шест победи по ред против Њу Орлеанс, ќе се обиде и седми пат по ред да ги совлада Пеликаните. Традицијата ги фаворизира и Филаделфија против ЛА клиперс и Минесота против Мемфис. Сиксерс имаат три победи по ред над Клиперс и 17 на последните 21 меѓусебни дуели, а Минесота е на четири по ред против Гризлис, оди по петтата во низа.
Индијана (најслаб тим на Истокот) и Хјустон (четврти на Западот) имаат мини-серии од две победи едноподруго, само еден од нив ќе направи хет-трик.


