Интересен трансфер во Македонија – Шкендија го пушти златното момче на позајмица во Ренова

Мевљан Мурати ќе игра за Ренова како позајмен фудбалер до крајот на сезоната по одлуката на Шкендија да му дозволи на десниот бек да се пресели во редовите на локалниот ривал.

Мурати беше стандарден играч во златната генерација млади македонски фудбалери до 21 година што направија историски подвиг и играа на Европското првенство во Полска во 2017 година.

Ова е и еден од најинтересните трансфери во зимскиот предоен рок во Македонија, а за Мурати, Ренова ќе биде четвртиот клуб за којшто настапувал во кариерата.

Кариерата ја почна во Шкендија во 2012 година, а двапати беше позајмуван, еднаш во Партизани од Тирана и еднаш во Шкупи.

Мурати има 12 настапи за младата репрезентација на Македонија, а играше два меча и за младата албанска селекција на иста возраст.

 

- Оглас -

Најнови вести