Интересен закон во Хрватска, не смее да се ангажира странски тренер ако нема трофеј

Хрватската кошарка долги години е во криза и на клупски и на репрезентативен план, се бараат начини како да се излезе од актуелната ситуација, а донесоа и еден нов интересен закон според кој, клубовите не смеат да ангажираат странски тренер ако тој тренер нема освојувано трофеи во кариерата.

Тренер на Цибона е Србинот Владимир Јовановиќ, кој нема никаква титула, нема ни финале, но со загрепскиот клуб потпиша пред да биде донесена одредбата, па може да се седи на клупата. Волците ако сакаа да го земат сега, немаше да можат да го направат тоа.

- Оглас -

Најнови вести