Интересна идеја, Баварците тренираа комбинација од фудбал и пикадо (Фото)

Откако две недели работеа преку интернет од дома, фудбалерите на Баерн Минхен добија одобрение да продолжат со тренинзи на новниот тренинг-центар, а денеска претпладне таму ги чекаше изненадување – огромна табла за пикадо.

Играчите доаѓаат одвоено и тренираат во помали групи, со не повеќе од пет члена, и строго се придржуваат на правилата за држење дистанца и одржување на хигиената. За да не им биде здодевно во овие услови, тренерот Ханси Флик доби идеја да комбинира два спорта, фудбал и пикадо. На терен беше поставена табла за пикадо, а на играчите им беше дадена задача да покажат колку се прецизни во гаѓањето со топка.

Голманскиот дуел беше прв и му припадна на резервистот Улрajх, кој го победи Нојер. Потоа играа и останатите, шанса да покажат што знаат добија и напаѓачите Левандовски, Милер и Гнабри.

- Оглас -

Најнови вести