Интересна идеја: Догодина да се игра Суперкуп помеѓу Италија и Аргентина!

Иако Купот на конфедерации нема да се одржи во 2022 година, бидејќи кон крајот на следната година треба да има Светско првенство, се појави идеја да се одигра меч помеѓу европскиот и јужноамериканскиот првак за неофицијален шампион на светот, по примерот на некогашниот клупски Интерконтинентален куп.

Аргентина по пауза од 28 години ја освои Копа Америка, Италија по 53 години повторно е европски првак, па во УЕФА и Конмебол постои расположение за организирање на еден спектакл.

Проблем е да се најде соодветен термин за тој натпревар, а веќе има предлог и тој евентуален меч да не се игра на неутрален терен како што беше случај со Интерконтиненталниот клупски куп, туку Италија и Аргентина силите да си ги одмерат на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол или во Буенос Аирес.

 

 

- Оглас -

Најнови вести