Интересна тактика на селекторот Саутгејт, Англичаните пенали тренираат без голман (Фото)

Фудбалската репрезентација на Англија е еден од кандидатите за титула на претстојното Светско првенство, а Англичаните кои лани загубија на пенали во финалето на Европското првенство, на тренинзите посебно внимание обраќаат токму на шутевите од белата точка.

Селекторот Герет Саутгејт има интересен начин на подготовка на фудбалерите за шутирање пенали. Тој ги изненади сите со одлуката да не користи голмани, туку фудбалерите против себе имаат мрежа со англиското знаме. Отвори има само на аглите и топката само таму може да помине за да влезе во гол.

Саутгејт верува дека вака може да се подобри прецизноста.

- Оглас -

Најнови вести