Интересни факти пред СП: Кој е највисокиот, а кој најнискиот играч, па кој е најстар, а кој најмлад…

Најдобрите 32 репрезентации во светот од утре ќе ја започнат борбата за највредниот трофеј во фудбалот, тоа е пехарот наменет за победникот на Светското првенство. Катар е домаќин на вкупно 832 фудбалери, по 26 од секоја селекција.

Во пресрет на стартот на првенството, ви откриваме неколку интересни факти. Играчот за врска на Мароко, Илијас Чар го има приматот на најнизок фудбалер на Мундијалот во Катар. Фудбалерот на англискиот КПР е висок само 158 сантиметри. За разлика од него, највисок фудбалер на планетарниот собир е голманот на холандската репрезентација, Андрес Ноперт кој е висок дури 203 сантиметри, односно цели 45 сантиметри е повисок од најнискиот Чар.

Најмлад фудбалер е големиот талент на германскиот фудбал, Јусуф Мукоко кој токму на денот на кој започнува Светското пренство ќе го прослави 18-тиот роденден. Најстар фудбалер е голманот на Мексико Алфредо Талавера, кој има 40 години и два месеци.

Лионел Меси има одиграно 19 меча на Светските првенства, повеќе од било кој друг што ќе игра во Катар. Искусниот германски репрезентативец Томас Милер има дадено 10 голови, а има и шест асистенции, што е лидер во овие две категории меѓу сите 832 играчи кои се дел од овој планетарен собир.

- Оглас -

Најнови вести