Интересно беше со ВАР и пресуди за Реал – Кралскиот клуб лесно го победи Алавес (Фото+Видео)

Реал Мадрид рутински го победи Алавес со 2:0 и се зацрвсти на првото место во шпанската Ла Лига со 80 бода, четири повеќе од Барселона на три кола до крајот на Ла Лига.

Фаворитот доминираше на „Алфредо Ди Стефано“ во Мадрид и релативно лесно го победи гостинот од Баскија, но повторно имаше контроверзен момент на дуелите што во последно време ги игра Реал.

Домаќините поведоа со голот на Карим Бензема во 11. минута, откако беше досуден пенал. Менди беше соборен во шеснаесетникот на Алавес и во отсуство на капитенот Серхио Рамос, Бензема го изведе ударот од белата точка и погоди за 1:0. Ова беше трет пенал за Реал на последните три натпревари.

https://www.youtube.com/watch?v=Kyv8Pvu8-Ys

Мечот беше решен во 50. минута и повторно во главна улога беше Бензема. Тој му асистираше на Марко Асенсио, а ситуацијата при која францускиот ас ја прими топката од Родриго мирисаше на офсајд.

https://www.youtube.com/watch?v=pHjMEl2of5w

Но, при прегледување на спорниот момент со помош на ВАР системот, одлуката беше дека голот е регуларен.

Реал Мадрид сега има 8 победи по ред и е многу блиску до нова шампионска круна во Шпанија. Алавес е во сосема спротивен тренд и има само една победа и 7 порази на последните 8 натпревари.

Клубот од Баскија е на 17. место последно што носи опстанок, но има само 3 бода повеќе од Мајорка и тежок распоред во последнуите три кола.

 

- Оглас -

Најнови вести