Интересна симулација – Обидете се сами да ги составите групите во Лигата на Европа (Линк)

Со помош на интересна платформа, сами можете да си составите групи во Лигата на Европа пред денешната официјална ждрепка што ќе се одржи од 13 часот.

Симулацијата е интересна и можете да се обидете со неколку едноставни потези на следниов ЛИНК.

Денеска во Нион ќе бидат одредени составите за групната фаза во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Во сите четири шешири има по 12 екипи, а со најголем клупски рејтинг според поените на УЕФА ранкинг-листата, се лутите ривали од Северен Лондон, Арсенал и Тотенхем.

Динамо Загреб е водечка екипа во вториот барабан, Гранада е со највисок рејтинг во третиот сад од кој ќе се влечат екипите за состав на групите, а украинска Зарја е топ-рангирана во последниот шешир.

- Оглас -

Најнови вести