На „Алијанц Арена“ во Минхен вечерва се игра финалето на Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Интер, а само неколку часа пред натпреварот, целото внимание се сврте кон тренерот на италијанскиот тим, Симоне Инзаги.
Иако се очекуваше фокусот да биде на спектаклот што го носи финалето, Инзаги ги шокираше сите со неочекувана одлука, наводно веќе им соопштил на челниците на Интер дека ја напушта клупата на крајот од сезоната.
Италијанските медиуми утрово пренесоа дека Инзаги прифатил богата понуда од Ал-Хилал и дека по финалето ќе биде официјално објавено дека тој ќе биде нов тренер на саудискиот гигант.
🚨 Saudi side Al-Hilal are expected to appoint Inter Milan boss Simone Inzaghi as their new head coach following tonight's Champions League final.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 31, 2025
(Source: Sky Sports) pic.twitter.com/wVPLd974ef
Одлуката дошла како изненадување, бидејќи сите очекуваа дека барем ќе почека до крајот на финалето, со оглед на важноста на натпреварот. Во Интер се разочарани, сметаат дека оваа најава може да создаде немир во соблекувалната пред најважниот меч во сезоната.
Инзаги веќе четири години е на чело на Интер и верува дека е време за нов предизвик. Со Ал-Хилал, наводно, веќе сѐ е договорено, а договорот му носи значајно зголемување на платата.
Навивачите на Интер оваа ситуација ги потсети на 2010 година, кога по освојувањето на тројната круна Жозе Мурињо веднаш по финалето објави дека заминува во Реал Мадрид.