Инѕаги пред гостувањето на „Монжуик“: „Ја почитуваме Барселона, но не се плашиме“

Полуфиналниот меч за Интер против Барселона доаѓа во незгоден момент за екипата која има серија од три порази по ред. Мечот на „Монжуик“ може да биде пресвртница за Интер, но може и да ја продлабочи кризата во клубот кој веќе го загуби лидерското место во Серија А.

„Последната седмица не може да ја избрише работата во овие изминати четири години. Требаше да играме подобро на последните три меча, но ние сме во полуфиналето на Лигата на шампионите и треба да ја постигнеме нашата цел. Некој велеше дека нема да бидеме ниту меѓу првите четири во Италија. Тука сме по една лоша недела за нас, но можеме да ја направиме да биде и подобра. Возбудени сме што ќе играме против најдобриот тим во светот. Барселона е најофанзивната екипа која постигнува многу голови. Треба да се покажеме во најдобро светло за да го сопреме противникот. Имаат неверојатни резултати и веќе освоија две титули, а се борат за уште две. Максимално ги почитуваме, но не се плашиме“, рече тренерот на Интер, Симоне Инѕаги.

- Оглас -

Најнови вести