7.8 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Ирански амбасадор најави: Ќе играме на СП за 100-те убиени девојчиња

Иранската фудбалска репрезентација ќе игра на Светското првенство во САД, Канада и Мексико летово, најави амбасадорот на оваа азиска земја во Шпанија.

Во претходните денови имаше стравувања дека Иранците ќе се повлечат откако САД и Израел започнаа напад врз нивната земја, по што следуваше одговор во форма на бомбардирање на американските бази во сите држави од Блискиот Исток.

Сепак се чини дека Иран размислува за пркосен настап на најголемото фудбалско шоу.

И покрај тоа што нивните натпревари се играат во САД, Иран сака да учествува на Светското првенство во ФИФА.

„Иран ќе оди на Светското првенство. Имаме целосно право да бидеме таму. Ова се тешки времиња и сакаме да им оддадеме почит на нашите луѓе и на 100-те убиени девојчиња. На сите невини деца кои ги загубија своите животи“, рече амбасадорот на Иран во Шпанија, Реза Забиб.

Ова е прва потврда од Иран дека ќе се појави на Светското првенство, што би значело дека ФИФА не мора да бара селекција која ќе ја замени една од најдобрите репрезентации во Азија. Во претходните денови се шпекулираше дека Ирак или Обединетите Арапски Емирати би можеле да го пополнат местото на Иран на Мундијалот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести