Ирците му ја доделија титулата на Манчестер јунајтед, Ливерпул е втор

Ирците му ја доделија титулата за најпопуларен клуб на Манчестер јунајтед, а во анкетата од нешто повеќе од илјада испитаници 33 посто се изјасниле дека навиваат за Манчестер јунајтед.

Со 29 проценти на втората позиција е Ливерпул, а таквиот однос е и според бројот на титулите во Англија, 20-18 за клубот од Манчестер.

На третото место е Селтик со 14 проценти, пред Арсенал со 10 и првиот клуб надвор од Велика Британија што се појавува во анкетата, а тоа е Барселона со 8 проценти од Ирците кои се запишале како симпатизери на шпанскиот првак.

Интересно е што првиот Ирски клуб што се појавува на листата е Корк сити со 7 посто навивачи, а понатаму следат Челзи со шест посто и триото Манчестер сити, Тотенхем и Дандалк со ист процент, 4 на соимпатизери во Ирска.

Интересен податок е дека дури 40 илјади Ирци објавиле дека редовно патуваат на мечеви од англиската Премиерлига.

 

- Оглас -

Најнови вести