Исак погоди со петица, Моралес покажа колку е брз, таман за реми на „Ла Нусија“ (Видео)

Александер Исак постигна мајсторски гол со удар со петица во 12-тата минута, а само 240 секунди подоцна Хозе Моралес покажа колку е брз и по одлична акција, израмни на мечот Левенте – Реал Сосиедад. Двата гола во раната фаза беа речиси сè на првиот од двата дуели вечерва во Ла Лига.

https://twitter.com/javoiani/status/1280197674650808331?s=20

Почна многу возбудливо,а заврши мирољубиво, со малку шанси за двете екипи, па конечниот епилог 1:1 е реален. Леванте играше без македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Десетката на Леванте беше отсутен поради пет жолти картони, а вечерва неговиот тим ја пропушти последната шанса да се приклучи во битката за позиции што водат во Европа.

Реал Сосиедад може да се надева на учество во Лигата на Европа бидејќи на четири кола до крајот на шампионатот, со 51 бод се наоѓа на седмата позиција, последна што гарантира настап во квалификациите за второто по квалитет натпреварување на Стариот Континент.

Леванте остана на 12-тото место со 43 бода и може без императив да ги одигра последните четири натпревари до крајот на сезоната во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести