ММА борец е исклучен, бил меѓу расистите на Бугарија – Англија

Бугарскиот ММА борец Георги Валентинов во октомври потпиша договор со компанијата „Белатор“, но веќе е ослободен од обврските, соопшти организацијата.

Валентинов, кој има 26 години, има скор 21-5 во ММА и работи со тренерот на Конор Мекгрегор, Џон Кавана.

„Белатор“ на ваков чекор се реши поради расистичкото однесување на Валентинов кој бил меѓу бугарските навивачи на натпреварот Бугарија – Англија во Софија, а кои го прекинуваа мечот поради расистички извици.

Валентинов се бранеше дека се нашол на погрешно место во погрешно време и се огради од расистите. Но, никој не му поверува во тоа, сликан е во хулиганска маичка и седеше со проблематичните момци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести