Искусните Манасков и Георгиевски ги нема на списокот за дуелите со Португалија

Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35-мина ракометари за двомечот против Португалија, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Најголемо изненадување е тоа што на овој список ги нема искусните Дејан Мансков и Гоце Георгиевски.

Двајцата ракометари кои со години се препознатливи по играта на крилните позиции, не се во националниот тим, иако двајцата настапија на последниот дуел на клупски план за Вардар.

На 9 март Македонија е домаќин на Португалија, а три дена подоцна ќе гостува во Порто.

- Оглас -

Најнови вести