18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Исланд со неверојатно видео го промовираше новиот грб на фудбалската репрезентација

Исландската фудбалска репрезентација значајно место на европската мапа си најде благодарение на Европското првенство во 2016 година. Исланд за првпат заигра на континентален собир и осторвската земја покажа дека воопшто не е случајно што беше меѓу најдобрите.

Исланѓаните вчера решија да го промовираат новиот фудбалски грб, а тоа го направија со спектакуларно видео во кое главно место имаат четирите симболи на земјата. Орелот е заштитник на североисточниот дел од островот, змејот е заштитник на југоисточниот дел од островот, бикот е заштитник на северозападниот дел од островот, како и џинот, кој е заштитник на југозападниот дел од островот.

На новиот грб на фудбалската репрезентација има место за сите четири симболи на Исланд, а видеото е перфектно направено.

- Оглас -

Најнови вести