Селекторот на Исланд, Арнар Пот Видарсон, го објави списокот со 24-ица репрезентативци од кои Македонија очекува помош и чудо во Букурешт на 11 ноември, па потоа со победа токму против нив три дена подоцна во Скопје и пласман во дополнителните баражи за учество на Мундијалот во Катар.
Исланд ќе ни направи услуга ако не загуби против Романија на 11 ноември, под услов ние да победиме во ист ден во Ереван против Ерменија, а потоа токму со триумф против Исланѓаните и да стигнеме до настап во бараж-мечевите за учество на прво Светско првенство, тоа во Катар идната година.
Видарсон се одлучи за проверени сили и одбра 24 играчи.
Исланд нема шанси за настап на Мундијалот, а во нашата Ј група, Германија веќе е учесник на Светското првенство во Катар идната година.
За второто место што гарантира дополнителен бараж моментно фаворит е Романија со 13 бода, пред Македонија и Ерменија со по 12.
Романците ќе играат дома со Исланд на 11 ноември и потоа со Лихтенштајн во Вадуз на 14 ноември.
Македонија ќе ѝ гостува на Ерменија на 11 ноември, па игра во Скопје три дена подоцна со Исланѓаните. Еременците покрај дуелот со нас во Ереван, ќе играат и против Германија во последното коло исто така на домашен терен.