Испаѓањето на најголемиот ривал го прославија како да освоиле титула (Видео)

Крузеиро за прв пат во 99-годишната историја, синоќа испадна од бразилската елитна лига, откако загуби со 0:2 од Палмеираш. Поради ваквиот дебакл, навивачите на Крузеиро по мечот дивееја на стадионот, а имаше и повредени.

Додека сите фанови на Крузеиро жалат за испаѓањето, на спротивниот дел од градот Минеиро, имапе фешта. Атлетико Минеиро е најголем ривал на Крузеиро, а веста за испаѓање на градскиот ривал, фудбалерите на Атлетико ја прославија како да освоиле титула.

Градското дерби меѓу Атлетико и Крузеиро е едно од најпознатите во Јужна Америка. Досега овие два тима имаат одиграно 487 меча. Атлетико се радувал на 190 победи, додека Крузеиро победил 168 пати.

 

 

- Оглас -

Најнови вести