Испил погрешен лек и НБА го суспендира на 25 натпревари

Кошаркарот на Милвоки бакс, Боби Портис (30), е суспендиран на 25 натпревари поради позитивен допинг-тест, објави НБА-лигата.

Портис бил позитивен на забранетата супстанца трамадол, а неговиот претставник Марк Бартелштајн тврди дека станува збор за недоразбирање.

„Очаен сум за Боби бидејќи направи грешка, а последиците се огромни“, изјави Бартелштајн за „ЕСПН“.


„Тој по грешка зел трамадол, мислејќи дека зема тородол – лек против болка кој е одобрен и кој веќе го користел. Трамадол, од друга страна, не е дозволен и беше додаден на листата на забранети супстанци минатото лето.“

Поради суспензијата, Портис ќе загуби 2,85 милиони долари, а на теренот ќе се врати четири натпревари пред крајот на регуларната сезона. Оваа сезона, во 46 натпревари, во просек бележеше 13,7 поени и 8,3 скока.

Портис е дел од Милвоки бакс од 2020 година, а претходно играше за Њујорк никс, Вашингтон визардс и за Чикаго булс.

- Оглас -

Најнови вести