Бруталниот Баерн Минхен ја напати Аталанта, Барселона се спаси во последната секунда, Атлетико блесна против Тотенхем

Баерн Минхен веќе може да слави пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако со неверојанти 6:1 победи на гостувањето во Бергамо против Аталанта во првиот меч од осминафиналето. Баерн во двете полувремиња даде по три гола, а шоуто го започна Станишиќ во 12-тата минута. Потоа следуваа головите на Олисе и Гнабри за 3:0 за гостите на полувреме.

Во вториот дел, Џексон зголеми на 4:0, потоа повторно Олисе даде гол за 5:0, а точка на баварското шоу во Италија стави Мусијала со погодокот во 67-мата минтуа за 6:0. Баварскиот гигант потоа го намали темпото затоа што јасно беше дека веќе може да размислуваа за четвртфиналето во елитното натпреварување на УЕФА, а Аталанта даде почесен погодок.

Убедлива победа забележа и Атлетико Мадрид пред своите навивачи против Тотенхем со 5:2. Неверојатно делуваше фактот дека Атлетико само по 22 минути водеше со 4:0, а првиот голман на гостите беше заменет само по 16 минути игра поради очајните интервенции.

Тотенхем намали на 4:1 до крајот на првото полувреме, а во вториот дел двата тима постигнаа по еден погодок за конечни 5:2.

Њукасл одигра херојски, но на крајот одигра само 1:1 против фаворизираната Барселона. Во 86-тата минута имаше голема радост за домашните навивачи на „Сент Џејмс парк“ кога домаќините направија одлична акција, а Барнс погоди за 1:0 и голема радост на домашните фанови. Голот на Барнс може да го видите ТУКА.

Барселона буквално го имаше последниот напад кога беше направен фаул за пенал, а Ламин Јамал постигна гол од белата точка за 1:1.

Утре се играат останатите четири осминафинални пресметки во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести