Ист играч настапи два пати во 17. коло во Серија А

Еден играч одигра два меча во исто коло во италијанската Серија А. Валентин Ејсерик е творецот на ваквата чудна, но сепак возможна ситуација. Тој може да се пофали дека во 17-тото коло одигра меч прво во дресот на Фиорентина, а потоа играше и за тимот на Верона.

Како е можно такво нешто? Играчот за врска настапи на дуелот Фиорентина – Рома кој се играше во декември. Во игра влезе во 83 минута и ги одигра последните минути. Во зимскиот преоден рок Ејсерик беше продаден во Верона, екипа која имаше заостанат меч против Лацио. Дуелот од 17. коло мораше да се одложи поради настапот на Лацио во Суперкупот на Италија и беше презаказан за почетокот на февруари.

Откако направи трансфер во дресот на Верона, немаше никаков проблем за Валентин да игра против Лацио на „Олимпико“ во заостанатиот дуел од 17. коло. На тој начин фудбалерот успеа да запише два настапи во два различни тима во само едно коло во италијанското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести