Фенербахче славеше со 80-71 на гостувањето кај Анадолу Ефес во евролигашкото истанбулско градско дерби. За разлика од минатата сезона, овојпат Фенер подобро ја отвора сезоната за разлика од Пиварите, па по две кола, Ефес има 0-2, а Фенер 2-0.
Во екипата на тренерот Игор Кокошков најрасположен беше Нандо де Коло со 20 поени, 7 скока и четири асистенции. Кај Ефес се истакна Крунослав Симон со 24 поени.
ЦСКА во Москва се мачеше против Макаби, но на крајот Русите сепак го најдоа патот до победата. Армејците предводени од Мајл Џејмс, кој даде 25 поени, триумфираа со 76-72.