Исти сме – Квилитаја: Грузија гори за пласман на ЕП по 30 години чекање

Ѓорѓи Квилитаја го очекува 27-миот настап за Грузија, земја која како и Македонија, никогаш не била учесник на големо натпреварување од самостојноста во последната деценија од минатиот век.

И кај нас и во Грузија се чека историското учество на ЕП идната година, а големото финале е на 12 ноември во Тбилиси. Победникот од тој меч за првпат во фудбалската историја ќе игра на континенталниот собир.

Како предигра на тој меч, утре во Скопје двете селекции ќе играат меѓу себе во вториот циклус од Лигата на нациите, а победникот ќе биде лидер во втората група од Сегментот Ц и топ-фаворит за преселба во повисок ранг на натпревари.

„Цели 30 години чекаме за настап на големо натпреварување. Така е и со Македонија и верувам дека и притисокот тука е ист како кај нас, огромен, со невидена желба да се игра на Европското првенство. Ќе биде исклучително тешко и за двете репрезентации и утре во Скопје, особено на 12 ноември во Тбилиси. Веќе нема што да се калкулира, одиме на победа на двата меча“, вели 27-годишниот напаѓач на Грузија.

Шпицот на Анортозис беше стартер за Грузија на првиот од трилогијата есенски мечеви против Македонија на 8 септември во Тбилиси, а се очекува и утре да биде во почетната постава на гостите.

 

- Оглас -

Најнови вести