Историја – Кинески голман постигна погодок од гол на гол во 56-та секунда (Видео)

Голманот на четвртолигашот Хубеи Заиминг постигна ефектен погодок од гол на гол во 56-тата секунда од мечот со Гвангжи Ланханг и тоа е најбрзиот гол во историјата на фудбалот што го дал чувар на мрежата.

Ударот беше ефектен од својата половина на теренот во обид веројатно да пронајде некого од своите напаѓачи, а заврши директно во мрежата на противничкиот гол.

Is this the fastest goal ever scored by the goalkeeper in the history of football? Scored in the Chinese 4th tier league, Hubei Zaiming (white) vs. Guangxi Lanhang (blue) game from soccer

За атрактивниот гол на голманот на Хубеи му помогна неговиот колега од спротивната страна со исклучително лоша реакција.

 

- Оглас -

Најнови вести