Историја на Копа Америка, играа двајца кои заедно имаат 81 години, и 270 меча за репрезентацијата

Чиле и Перу ремизираа 0-0 во историски меч на Копа Америка и тоа не затоа што овие овие селекции за првпат после 20 години и 20 средби по ред со победник конечно одиграа нерешено, а 0-0 не било уште од 1989 година.

Чилеанскиот голман Клаудио Браво кој има 41 година, влезе во историјата како највозрасен поединец кој настапил на меч на ова натпрреварување, а кај Перу, 20-тима минути играше Пауло Гереро, кој има 40 години.

Браво кој бранеше за Барселона, Манчестер сити, Реал Сосиедад, и Гереро кој настапуваше за Баерн и Хамбургер во Европа, заедно имаат 81 години и 239 дена, и 270 меча за своите национални тимови, и се вистински легенди во своите земји.

- Оглас -

Најнови вести