Македонскиот фудбал денеска испиша историја, за прв пат на еден натпревар од Првата лига, правдата ја делеше дама.
Дуелот од 25-то коло во Тетово меѓу Шкендија и Победа, го судеше најдобрата македонска судијка Ива Пројковска.
На теренот, победи Шкендија со 2:0 давајќи по еден гол во двете полувремиња. Резултатот го отвори Алмир Реџепи во 29-та минута, а победата ја завери Шала во 68-та минута.
Лидерот на табелата Струга Трим Лум со 3:1 ја совлада Академија Пандев благодарение блиц-кругот од осум минути во кој ги даде трите гола. Бесарт Ибраими во 12-та и во 15-та минута постигна два гола, а во 20-та минута Мухарем зголеми на 3:0. Пандевци во вториот дел само успеаја да го ублажат поразот.
Најголемото изненадување го приреди Скопје кој со минимални 0:1 го победи актуелниот шампион Шкупи.
Стрелец на единствениот гол беше поранешниот играч на Шкупи, Анид Абази.
Брегалница и Тиквеш одиграа без голови.
Резултати:
Брегалница – Тиквеш 0:0, Шкендија – Победа 2:0, Шкупи – Скопје 0:1, Струга ТЛ – А. Пандев 3:1, Македонија ЃП – Работнички 2:1.
Табела: Струга ТЛ 49, Шкендија 44, Шкупи 42, Силекс 38, Брегалница 33, Македонија ЃП 32, Тиквеш 29, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 17, Победа 13.