Историја за Германија, првпат ќе игра во полуфинале на СП!

Репрезентацијата на Германија испиша историја и првпат ќе игра во полуфинале на кошаркарско Светско првенство откако ја совлада Летонија со 81-79. Ваквиот успех се однесува не само на репрезентацијата на обединета Германија, туку и на Западна и Источна Германија, кои се натпреваруаа посебно некаде до почетокот на 90-тите години на минатиот век.

Текот на целиот натпревар беше израмнет и неизвесен. Летонија го доби првиот период со 16-13, но Германија направи пресврт во втората четвртина за водство од 36-34 на полувремето.

Германците предноста ја одржуваа и во третиот период, кој го добија со еден поен разлика. Во неизвесниот финиш репрезентативците на Германија беа поснаодливи и успеаја да ја сочуваат предноста за конечна победа од 81-79.

Франц Вагнер со 16 поени беше најефикасен во победничкиот состав, додека 24-те поени на Жагарс и 20-те на Бертанс не беа доволни за историски резултат за Летонија.

- Оглас -

Најнови вести