Американската штафета 4х400 метри доживеа вистинска бламажа на Светското првенство во Токио, откако не успеа да ги мине квалификациите и за првпат во историјата нема да учествува во финалето и во борбата за медалите.
Селекторот се одлучи во квалификациите да им даде шанса на второкласните натпреварувачи, а тие не само што не ја оправдаа довербата, туку завршија само шестти во групата и ги изгубија сите шанси да се најдат во финалето.
Американците на последните десет Светски првенства имаат девет златни и еден сребрен медал, а на последните шест Олимпијади – пет злата и едно сребро.
Во финалето на 4х400 метри се пласираа Боцвана, Белгија, Австралија, Велика Британија, Јужна Африка, Јамајка, Катар и Холандија.