Кошаркарите на Денвер брзо го заборавија поразот од ЛА лејкерс и ја совладаа Индијана на гостински терен со 116-125. Никола Јокиќ го заврши мечот со 18 поени, девет скока и неверојатни 19 асистенции. Му недостигаше само еден скок за нов трипл-дабл, но и 19-те асистенции се историски.
Србинот дојде до личен рекорд во НБА-лигата, со оглед на тоа дека претходно на двапати имаше по 18 асистенции на еден натпревар.
HOF dimer in full effect pic.twitter.com/koiYZqjwea
— Denver Nuggets (@nuggets) February 25, 2025
Јокиќ беше нерешлива енигма за кошаркарите на Индијана, па по мечот Денвер на социјалните мрежи објави „HOF“, порака која ја здрма Америка, а која е скратеница од „Куќата на славните“.
Резултати:
Детроит – ЛА клиперс 106-97
Индијана – Денвер 116-125
Филаделфија – Чикаго 110-142
Вашингтон – Бруклин 107-99
Атланта – Мајами 98-86
Оклахома – Минесота 128-131 (121-121)
Јута – Портланд 112-114
Сакраменто – Шарлот 130-88