Историска вечер за Аталанта и Лајпциг: Првпат во нокаут-фаза и веднаш победија (видео)

Аталанта направи голем исчекор кон пласманот во топ 8 фазата откако ја растури Валенсија со убедливи 4-1 во првиот дуел. Тимот од Бергамо приреди сензација на „Сан Сиро“ уништувајќи ги речиси сите надежи на Лилјаците.

Хатебоер е човекот кој ја почна и заврши голеадата, прво стрелаше во 16-тата минута, а потоа го реализира и четвртиот гол за домаќините. Во меѓувреме Иличиќ зголеми на 2-0 пред паузата, а и Фрулер се најде на листата стрелци за Аталанта.

За поразот да боли помалку, но сепак да биде тежок, погоди Черишев на триесетина минути пред крајот на мечот. За Аталанта ова е прво појавување во нокаут-фазата од Лигата на шампионите и воедно прва историска победа.

И Лајпциг го оствари историскиот подвиг како Аталанта остварувајќи победа од 1-0 во нивниот прв настап во нокаут-фазата. Црвените бикови имаа потежок противник, вицепрвакот Тотенхем, меѓутоа погодокот на Вернер од белата точка во 58-мата минута беше доволен за тимот на Џулијан Нагелсман да се врати дома со чиста мрежа и гол на гости.

https://twitter.com/VideoForza/status/1230242942171963392

 

 

- Оглас -

Најнови вести