Грузискиот крилен напаѓач на ПСЖ, Хвича Кварацхелија, со својата асистенција при голот на Усман Дембеле, му помогна на својот тим да го елиминира Баерн и да се најде во финалето на Лигата на шампионите.
„Многу сме горди што го направивме тоа повторно. Сега треба да бидеме подготвени за финалето – најдобриот натпревар во нашите животи е пред нас и ќе дадеме сè што можеме за овој клуб. Раниот гол беше многу важен за нас. Видов дека Дембеле е сам, а јас само требаше да му ја подадам топката. Тој го заврши нападот многу добро. Горди сме на него и на целиот тим, бидејќи се боревме и покажавме одличен тимски дух. Ги почитуваме сите тимови. Важно е за нас да ја играме нашата игра. Не размислуваме премногу за тоа кој ќе биде нашиот противник, само се подготвуваме за натпреварот и даваме сè од себе на теренот. Ќе биде тешко, на крајот на краиштата, тоа е финале на Лигата на шампионите“, изјави Кварацхелија.
Тој игра во топ форма, и објасни зошто е тоа така.
„Не знам дали ова е највисоката точка што сум ја достигнал во мојата кариера или не. Можеби е најдобриот момент, можеби не. Дефинитивно морам да трчам и да играм одбрана, во спротивно ќе завршам на клупата. Во ПСЖ , ако не трчаш, седиш на клупата. Затоа секогаш морам да дадам сè од себе“, објасни Кварацхелија.

