Оклахома сити тандерс поведе со 2:1 во победи против Сан Антонио во финалето на Западната конференција од НБА плејофот, откако ноќеска атуелниот шампион се радуваше на триумф на гостински терен од 123:108. Почетокот на мечот беше очаен за гостите, затоа што Сан Антонио поведе со 15:0, па гостинскиот тренер Марк Даигнеолта мораше во игра да ги внесе резервните играчи да донесат „свежа крв“ на теренот.
Веќе на почетокот на втората четвртина Сан Антонио стигна и до првото водство (32:31), а на полувреме гостите водеа и со седум разлика, 58:51. Целосна контрола на резултатот и играта на теренот имаше Сан Антонио во третата четвртина, кога предноста се искачи и на 13 поени (95:82). Во последната четвртина немаше никаква неизвесност затоа што актуелниот првак искусно ја чуваше разликата да биде двоцифрена и на крајот стигна до победа за 2:1 и враќање на брејкот во оваа финална конференциска серија.
Клучни играчи за триумфот на Оклахома беа резервистите. Кошаркарите кои влегоа од клупата за резерви постигнаа неверојатни 76 поени, што е најмногу за едно конференциско финале, откако во 1984 година се воведе форматот за доигрување со 16 екипи. Претходниот рекорд за најмногу поени на резервните играчи го држеше Лос Анџелес лејкерс со 69 поениво 1985 година.
Шеј Гилџес-Александер со 26 поени беше најефикасен на мечот, а кај Оклахома одлични беа и Меккен со 24 поени, Вилијамс со 18 и Карусо со 15 поени. Кај Сан Антонио најефикасен беше Виктор Вамбањама со 26 поени, а Васел додаде 20 поени.
Четвртиот меч од оваа финална серија повторно ќе се игра на теренот на Сан Антонио.

