Историски момент на Копа Америка: Сите репрезентации кои победија во групите имаат селектори од иста држава

Доцна синоќа заврши групната фаза на првенството на Јужна и Северна Америка, Копа Америка. Веќе се познати четвртфиналните двојки, но еден момент од ова натпреварување влегува во историјата на фудбалот. Сите репрезентации кои победија во групите имаат селектори од иста држава, Аргентина, нешто што никогаш претходно не се случило на ниту едно друго натпреварување.

Скалони со Аргентина беше прв во групата „А“, Батиста со Венецуела изненадувачки стигна до првото место во групата „Б“, Бјелса со Уругвај ја освои првата позиција во групата „Ц“, додека Лоренцо со Коломбија заврши пред Бразил во групата „Д“.

- Оглас -

Најнови вести