-2.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Историски почетни 10 минути на Македонија против Романија

Македонија одлично го започна мечот против Романија. Нашите ракометари играат да победат, и тоа со што е можно поголема разлика за да останат во игра за пласман во главната фаза на Европското првенство.

Одлично започна Македонија против Романија, посебно во одбраната. По почетните 10 минути, нашата репрезентација водеше со 4:0. Ова е првпат Македонија на едно Европско првенство да започне меч на кој не прими ниту еден гол во стартните 10 минути.

Романците првиот гол го постигнаа по 10 минути и 40 секунди игра, и тоа од пенал.

Македонија почна одлично, се надеваме дека така и ќе заврши дуелот против Романија.

- Оглас -

Најнови вести