Историско полувреме на Валверде против Манчестер сити

Реал Мадрид има убедливи 3-0 по првото полувреме против Манчестер сити, благодарение на Федерико Валверде кој првпат во кариерата направи хет-трик.

Капитенот на Реал не е напаѓач, туку фудбалер за врска, но од 20-та до 42-ра минута беше како вистински голгетер, три пати го совлада Џиџи Донарума, носејќи му убава предност на својот тим кој е драстично ослабен, но станува збор за клуб кој дури 15 пати бил европски првак и никогаш не смее да биде потценет.

Валверде стана и првиот играч кој не е напаѓач, а дал три гола во прво полувреме на меч од нокаут фаза во Лигата на шампионите. Особено убав беше голот за 3-0 кој може да го погледнете ТУКА.

Во Париз, ПСЖ води 2-1 против Челзи (сите три гола ги постигнаа француски фудбалери: Баркола, Мало Густо и Дембеле), додека Бодо/Глимт има убави 2-0 против Спортинг.

 

- Оглас -

Најнови вести