Истрага против шпанската легенда – Беше европски и светски првак, сега е обвинет за сексуално вознемирување

Раковдоството на Њујорк сити немаше веќе простор за маневар и најави сериозна истрага за случајот со сексуално вознемирување во клубот, а обвинет е легендарниот шпански фудбалер Давид Вилја.

На социјалните мрежи поранешна вработена во клубот од Њујорк пред една седмица објави дека била сексуално вознемирувана од Вилја додека биле заедно дел од МЛС-лигашот.

„Секој ден ме допираше. Кога добив шанса да бидам дел од клубот, мислев дека тоа е исполнување на сонот, но се претвори во кошмар. Вилја ме допираше секој ден, а кога му се пожалив на сопственикот, ми рече дека тоа е материјал за комедија“, е објавата на Скајлер Б, очигледно жртва на сексуален напад на поранешниот европски и светски првак со Шпанија.

Вилја веќе не игра за Њујорк сити, но може да има големи проблеми по најавената истрага, која сега веќе и не може да се затскрива по јавната објава на жртвата на социјалните мрежи.

Вилја играше за Валенсија, Барселона, Атлетико Мадрид и уште неколку клубови надвор од Шпанија, а моментно е член на јапонскиот Висел Кобе.

- Оглас -

Најнови вести