Италија го има новиот Малдини во националниот тим

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, го објави составот за претстојните натпревари од Лигата на нации против Белгија и против Израел. На неговиот список се најдоа и неколку млади играчи како Николо Писили од Рома, кој го заменува повредениот Марко Брешианини од Аталанта, но и Даниел Малдини, синот на легендарниот Паоло Малдини, кој е единствената промена во нападот, заменувајќи го Матија Ѕакањи.


Одбранбениот играч на Милан, Матео Габија, е повикан во тимот поради добрите настапи на почетокот од сезоната, додека голманот на Јувентус, Микеле Ди Грегорио, ќе го замени повредениот Алекс Мерет.

На списокот на Спалети се најдоа следните имиња:

Голмани: Донарума (ПСЖ), Викарио (Тотенхем), Ди Грегорио (Јувентус)

Одбрана: Бастони (Интер), Бонџорно (Наполи), Калафиори (Арсенал), Габија (Милан), Околи (Лестер), Камбијасо (Јувентус), Беланова (Аталанта), Димарко (Интер), Ди Лоренцо (Наполи), Удоџи (Тотенхем)

Среден ред: Тонали (Њукасл), Ричи (Торино), Фаџоли (Јувентус), Фратези (Интер), Пелегрини (Рома), Писили (Рома)

Напаѓачи: Ретеги (Аталанта), Распадори (Наполи), Кин (Фиорентина), Малдини (Монца)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести