Италија ја остави Шпанија на половина пат зад себе

Националниот тим на Италија во ватерполо, е нов светски шампион. Во финалето на првенството во Јужна Кореја, „аѕурите“ беа многу пидобри од Шпанија и славеа со 10-5. Клучни беа вториот и третиот квартал, кои Италија ги доби со по 3-1. Бронзата се најде на градите на Хрватска која во утешниот меч ја победи Унгарија со 10-7.

За Италијанците, ова е четврта светска титула, по оние во 1978, 1994 и 2011 година. Избраниците на селекторот Алесандро Кампања имаа перфектен настап на СП, на патот до трофејот ги совладаа сите пречки, а се покажа дека во финалето поминаа полесно, отколку во полуфиналето и четврт-финалето.

За Шпанија, останува утехата дека беа финалисти и во машка и во женска конкуренција, но останаа само со сребрата.

- Оглас -

Најнови вести