Италија победи на датумот кој го памтат по лошо поради Македонија

Италијанската фудбалска репрезентација со 2:0 го победи Еквадор во пријателски натпревар одигран на неутрален терен во САД. Аѕурите дадоа по еден гол на самиот почеток од средбата и буквално во последните моменти, па заслужено се радуваа.

Лоренцо Пелегрини беше стрелец на погодокот за 1:0, и тоа по неполни три минути игра. Овој резултат беше актуелен до 90+4 минута, кога Николо Барела погоди за 2:0, потврдувајќи го триумфот на четирикратниот светски првак.

Интересно е дека 24 март е ден кој не е во добро сеќавање на италијанската репрезентација. На овој датум точно пред две години, Македонија во Палермо ја победи Италија со 1:0 и ја елиминира во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести