Две години од историската победа во Палермо, бевме горди, цел свет ни се воодушевуваше (Видео)

Пред точно две години, на 24-ти март 2022 година, македонската репрезентација извојува победа која одекна како нуклеарна бомба во фудбалскиот свет.

Ја победивме Италија во Палермо со 1-0, со преубав гол на Александар Трајковски во 92-ра минута, што значеше пласман во финалето од баражот за пласман на СП во Катар, ја оставивме големата Италија без место на Мундијалот.

Потсетете се на еден од најзначајните моменти во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал и голот за кој ќе се зборува уште многу долго:

- Оглас -

Најнови вести