Управата на Интер ги направи првите чекори во изборот за наследник на тренерот Симоне Инзаги и започна преговори со челниците на Брајтон, пишува „Газета дело спорт“.
Според весникот, директорите на Нераѕурите во Мајами, САД, имале средба со колегите од Брајтон, на која разговарале за можноста Роберто де Зерби да се врати во Серија А и да седне на клупата на Интер.
Де Зерби во септември минатата година седна на клупата на Брајтон, на местото на Греам Потер, кој се пресели во Челзи, и екипата досега ја водеше на 20 натпревари во Премиер лигата и има скор од осум победи и по шест ремија и порази. Брајтон моментно се наоѓа на шестото место на табелата со 43 бода, само седум помалку од четвртопласираниот Манчестер јунајтед.
Управата на Интер му постави ултиматум на Симоне Инзаги да ја елиминира Бенфика во четвртфиналето во Лигата на шампионите или во спротивно ќе добие отказ. Тие сакаат Де Зерби да биде новиот тренер на екипата и се подготвени на компромис, ако успеат да најдат заеднички јазик за отштетата, тогаш ќе му овозможат на Италијанецот да ја заврши сезоната на клупата на Брајтон.
Доколку не дојде до договор со Брајтон, тогаш како можен наследник на Инзаги се споменува поранешниот дефанзивец на Нераѕурите, Романецот Кристијан Киву.