„Италијанецот“ Пандев – Капитенот доби италијанско државјанство

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и член на Џенова, Горан Пандев, од денес и официјално е државјанин на Италија. Гранде Пандев доби државјанство по 18 минати години на Апенинскиот Полуостров, не сметајќи го периодот поминат во редовите на Галатасарај, па со 15 години работен стаж, логичен потег беше да добие и италијански пасош.

„Воодушевен сум, тука сум веќе 18 години, а подоолго време се чувствувам како Италијанец. Прекрасен момент, им благодарам на сите“, истакна Пандев.

Пандев од 2001 година е во Италија, каде што како младинец од Беласица се пресели во редовите на Интер. По позајмиците во Специја и Анкона, следуваше трансфер во Лацио, каде што играше пет години. Потоа се врати на „Џузепе Меаца“, а беше клучна фигура во историската 2010 година на клубот, кога под водство на Жозе Мурињо Интер стигна до тројна круна, освојувајќи го Скудетото, Купот на Италија и Лигата на шампионите.

Го облече и дресот на Наполи, а од 2015 година е член на Џенова, каде што досега настапи на 89 натпревари постигнувајќи 14 погодоци и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести