Италијанскиот гигант целосно се распадна: Навивачите ги построија фудбалерите

Некогашниот италијански гигант Сампдорија, ги живее најлошите моменти во својата богата и трофејна клупската историја. Сампдорија за прв пат испадна во трета лига и во следната сезона ќе игра во Серија Ц.

Пред нешто повеќе од три децении Сампдорија беше првак на Италија, а играше и во финалето на Купот на Европски шампиони. Потоа имаше успешни моменти и во домашниот шампионат, за да сега клубот падне на најниски фудбалски гранки.

Поради оваа состојба, навивачите на Сампдорија се многу лути и разочарани па синоќа решија да го изразат своето негодување и присуствуваа на тренингот на Сампдорија.

Фановите ги навредуваа фудбалерите, а двајца навивачи влегоа и на теренот и им наредија на играчите да ја соблечат облеката на која има клупски амблеми. Среќа за фудбалерите на Сампдорија е тоа што имаше и полиција, која не дозволи да има поголем инцидент.

Од навивачката група информираа дека дресовите кои ги земале од фудбалерите, ќе бидат дадени на аукција и собраните пари ќе бидат дадени во хуманитарни цели.

Една ноќ претходно, девет навивачи биле уапсени откако биле фатени од полицијата додека подготвувале напад врз дел од фудбалерите и челниците на Сампдорија.

- Оглас -

Најнови вести