Италијанскиот парламент го укина законот, клубовите во Серија А сега може да страдаат

Голема дебата имаше во италијанскиот парламент околу „Бекамовиот закон“ според кој спортските работници кои доаѓаат од странство имаат 50 отсто „попуст“ во плаќањето на данок на државата. Ова правило се применува и во Шпанија, каде сттранските фудбалери и тренери плаќаат само 24 отсто од даноците на државата во првите шест години од престојот.

Името „Бекамов закон“ е по славниот фудбалер Дејвид Бекам, кој играше во Милан, а како еден од предусловите да дојде во Серија А беше токму намалување на овој данок.

Укинувањето на овој закон ќе ги зголеми трошоците за плати на странските играчи и ќе го редуцира интересот на играчи да играат во италијанското првенство. Серија А неколку години се бореше да го врати стариот сјај и во тоа полека успева во последните две сезони, но сепак, сега со укинување на овој закон, драстично може да се намалои интересот на странските фудбалери да потпишуваат за италијански клубови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести