Најавата за невреме во Рим, може да значи одложување на утрешниот меч од Серија А помеѓу Лацио и Интер. Натпреварот треба да се игра утре со почеток во 20.30 часот, но работата ја компликува временската прогноза, која вели дека в понеделник во главниот град на Италија се очекуваат обилни врнежи од дожд, пропратени со силен ветар и грмежи.
Опцијата да се одложи мечот е реална, а дополнителен проблем за домашните е што продажбата на билети не оди како што очекуваа во Лацио, па и дури и ако се игра, постои веројатно трибините на „Олимпико“ да бидат полупразни.
Тимовите се соседи на табелата, станува збор за дерби на колото, и би требало да има интересен фудбал, но засега никој не знае со сигурност дали тој меч ќе се игра утре, или во друг термин.