Италијанците имаат сон – Гвардиола да им стане селектор!

Легендата на италијанскиот фудбал, Леонардо Бонучи, изјави дека сон му е селектор на Италија да биде Пеп Гвардиола. Според Бонучи кој му беше помошник на Џенаро Гатузо и не си даде оставка за разлика од Гатузо и шефот на делегацијата Џиџи Буфон, тоа е многу тешко остварливо, но „сонувањето е бесплатно“.

Гвардиола во минатото повеќе пати истакнува дека му е омилена странска земја, има играно за Бреша и Рома, знае италијански, па Бонучи смета дека Шпанецот би бил идеален за селектор. На Аѕурите кои пропуштија три Мундијали по ред, им треба голема промена и Гвардиола со стилот на игра кој го практикува во своите клубови, може да им го донесе тоа.

„Се шпекулира со повеќе имиња, а ако сакаме ресет, јас ќе го спомнам Пеп Гвардиола кој може да ни донесе драстична промена од минатото. Мислам дека е многу тешко да го донесеме, но сонувањето е бесплатно“. рече Бонучи.

Бонучи е дел од техничката структира на фудбалската федерација на Италија и независен член на стручниот штаб. Договорот му истекува во јуни. Во јуни е и следниот меч на Италија, а на тие два пријателски меча со Грција и Луксембург, тимот ќе го води Силвио Балдини.

Инаку Бонучи одигра 121 меча во дресот на Италија, постигна осум гола од кои едниот во финалето на ЕП 2021 кога Аѕурите на „Вембли“ ја победија Англија и станаа европски шампиони.

- Оглас -

Најнови вести