Италијанците ќе го менуваат форматот на Купот?

Одредени италијански медиуми тврдат дека се разгледува опцијата Купот на Италија да се одигра во поразличен формат. Одложените реванш-натпревари во полуфиналето поради Коронавирусот засега не може да се вметнат во густиот распоред бидејќи Јувентус, Интер и Наполи имаат и меѓународни обврски, додека и првенствените мечеви кои се одложија дополнително направија проблеми.

Идејата е да се игра Ф4 – фајнлфор турнир кон крајот на мај. Засега ова останува само како идеја бидејќи потребно е УЕФА да даде зелено светло за да се смени натпреварувањето кое е во тек и веќе се одиграни првите полуфинални средби.

Доколку се случи промена на форматот, резултатите од првите средби, во кои Јуве и Милан ремизираа при 1-1, додека Наполи славеше со минимални 1-0 против Интер на гости, најверојатно нема да се важат.

- Оглас -

Најнови вести