Италија во третиот меч на домашен терен конечно успеа да ја победи Македонија и тоа во меч кој имаше гол-шоу на „Олимпико“ во Рим.
Аѕурите победија со 5:2, а италијанските медиуми веднаш мечот го нарекоа „шоу со пет ѕвезди“, алудирајќи на петте гола кои завршија во мрежата на Столе Димитриевски.
И покрај примените пет гола, Димитриевски беше еден од подобрите во составот на Македонија, која даде два гола преку Јани Атанасов, од единствените два шута кон голот на Џиџи Донарума.
Тие два гола беа само добра сатисфакција за навивачите кои патуваа до Рим за да ги бодрат македонските репрезентативци.